Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Новите детски градинки ќе го решат проблемот со долгите листи чекање за сместување на деца

Многугодишниот горлив проблем од недостигот на згрижувачки капацитети за предшколските деца со…

Сподели:

Многугодишниот горлив проблем од недостигот на згрижувачки капацитети за предшколските деца со кој се соочуваат речиси сите општини во државава, општина Битола веќе започнува да го решава. Во фаза на изградба се неколку нови детски градинки, а други пак, ќе функционираат во наменски преадаптирани капацитети во веќе постоечки простори, уверува градоначлникот на Битола, Тони Коњановски, се’ со цел, како што вели, долгите листи на чекање да останат во минатото.

   „Во Битола во моментов три детски градинки се во изведба. Едната, која како што знаете, ја затекнавме со проблем, тоа е Детската градинка во Комплексот на АРМ која ја затекнавме само во темелната конструкција како еден базен исполнет со вода. Го решивме тој проблем, првата фаза комплетно е завршена и сега е втората фаза каде се спроведува електриката..Објект кој ќе значи многу и во кој на над 2.000 квадрати ќе се сместат над 250 дечиња“, – посочува Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

 Напоредно со оваа, пред отворање или пред завршни подготовки се и детската градинка во Мајчиниот дом, како и Детската градинка наспроти ОУ „Климент Охридски“. Со ова засилено темпо, како што велат од Општината, се прават обиди колку-толку да се надомести она што било пропуштено во изминатите години, како што беше и случајот од пред 4 години, кога во општина Битола со заем од Светската банка во јуни 2021 година беше склучен договор во вредност од 55,2 милиони денари за изградба на Детска градинка во рок од 16 месеци. Меѓутоа, работите не се одвиваа ни приближно со предвидената динамика, па овој договор беше раскинат на 3 мај 2024 година, што уште повеќе го продлабочи проблемот.

Реклама

  И актуелната централна власт е свесна дека јавните инвестиции во детските градинки во изминатиот период били слаби или речиси никакви. Оттука, и премиерот Мицкоски пред само два дена кажа дека во земјава веќе се реконструираат, адаптираат и модернизираат 15, а се градат и 11 нови детски градинки, во кои вкупно треба да бидат згрижени над 2.600 деца од предшколска возраст. „Кога сето ова ќе се затвори, листите на чекање мислам дека ќе бидат веќе минато, или би биле многу мали, незначителни“, потенцираше Мицкоски.

  Инаку, според Државниот завод за ревизија, на листите на чекање на ниво на Македонија се наоѓаат над 4.800 деца.