Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Ристовски: Секој град заслужува квалитетна спортска инфраструктрура

Министерството за спорт продолжува со реализација на капитални инвестиции во спортската инфраструктура…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за спорт продолжува со реализација на капитални инвестиции во спортската инфраструктура низ цела држава. Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со вицепремиерот Љупчо Димовски и со градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, денеска свечено го пуштија во употреба новиот, целосно реконструиран спортски центар.

Овој современо уреден спортски комплекс во Кратово, во кој Министерството за спорт инвестираше 4.7 милиони денари, содржи: фудбалско игралиште со вештачка трева, одбојкарско игралиште, трибини на две нивоа и фитнес зона опремена со реквизити.

-Среќен сум што жителите на Кратово, особено младите, конечно ќе имаат вистински услови за тренинг, рекреација и спортски активности. Овој проект е уште еден пример за нашата заложба за промовирање на вистинските вредности преку спортот кој треба да биде достапен за сите. Продолжуваме посветено да инвестираме во спортот во цела Македонија, бидејќи секој град заслужува да има достапна и квалитетна спортска инфраструктура – изјави министерот Ристовски.

Реклама

Спортскиот центар е дел од пошироката стратегија на Министерството за спорт за унапредување на спортска инфраструктура и создавање услови за здрав и активен живот на сите граѓани, особено на младата популација.