Реклама
Македонија

🎥 ВМРО-ДПМНЕ Кочани: Венко Крстевски и СДСM се режисери на агресијата и поделбите во Кочани

Дали Венко Крстевски и СДС се нарачатели на насилството во Советот?, прашуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали Венко Крстевски и СДС се нарачатели на насилството во Советот?, прашуваат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали најголемите поддржувачи на Аки Акиов-го користат за СО НАСИЛСТВО ДА ЈА ВОДАТ ОПШТИНАТА!

Заслепени од привремената власт, в.д. градоначалникот Венко Крстевски и СДСМ – изгледа дека и се режисери на агресијата и поделбите во Кочани.

Реклама

„Казна“ за негласање соработка со осуденик и лице на црната листа на САД, стигнува преку советник насилник кому токму тие му даваат безрезервна поддршка.

Дополнително СДСМ шири говор на омраза и дезинформации по социјални мрежи.

Сето тоа за да задржат привремена фотелја. На сметка на мирот, достоинството и демократијата во Кочани.

Кочани не е заложник на вашата политичка немоќ!

Бараме веднаш оставка од Венко Крстевски.

Бараме јавно извинување од СДСМ за поддршката на насилство и хаос.

Кочани – ќе си го врати гласот и достоинството.

Секој ден. Секојпат. Без страв, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Видеото погледнете го на следниот линк: