Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Муцунски на одбележување на 70-годишнината од Конференцијата во Месина

На покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски учествувал и се обратил на министерската конференција по повод одбележувањето на 70-годишнината од Конференцијата во Месина, што се одржа во Таормина, Италија.

Како што напиша на неговиот фејсбук профил, министерот Муцунски во обраќањето истакнал дека членството во Унијата претставува генерациска инвестиција и најамбициозен трансформациски проект за државата, преку кој се зајакнуваат демократијата, економскиот раст и општествената отпорност.

– Ја реафирмирав цврстата посветеност на земјата кон забрзување на евроинтегративниот процес, во согласност со јасно утврдени критериуми и стандарди, нагласувајќи ја потребата од предвидлив, фер и принципиелен пристап, без билатерализација и идентитетски отстапки. Ја подвлеков и важноста од одлучност и европско единство во контекст на актуелните геополитички предизвици, укажувајќи дека за земјите од регионот европската интеграција останува единствениот одржлив пат кон мир, просперитет и демократски напредок, објави Муцунски на ФБ.

Реклама

Во рамки на дводневната конференција била усвоена и заедничка декларација со која се потврдува стратешката важност на проширувањето на Унијата како инструмент за стабилност, раст и соработка на континентот и во неговото соседство.