Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Томовски: За да се воспостави поредовен автобуски превоз ќе се чека нов градоначалник на Скопје

По седум години откако претсана со работа комплексот Македонско село на планината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По седум години откако претсана со работа комплексот Македонско село на планината Водно во Скопје, повторно е отворен, а со него, во слените 15 години ќе управува „Ла тераца“.

Сепак, и овој комплекс ќе биде достапен само со авотомобил, а за оние кои немаат или не сакаат да возат до таму, автобускиот превоз е редок. Како што вели директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, ќе се чека нов градоначалник на Скопје, за да се воспостави поредовен автобуски превоз.

„Автобуски превоз има, но многу е редок. Се надевам дека со доаѓање на нов градоначалник на Скопје ќе има поредовни линии, а со сегашниот градоначалник немаме баш некое разбирање за сѐ што значи држава и државност“, рече Томовски на отворањето на комплексот.

Реклама

Од фирмата концесионер велат дека целта им е да ја вратат автентичноста на комплексот којашто ја изгубивме во последните седум години.

„Целта наша ни е да го претвориме комплексот во едно автентично туристичко место кое повторно ќе биде ставено на мапата за туристички дестинации за домашни и странски туристи и посетители’, рече претставничката на компанијата и ги упати сите кои сакаат повеќе детали да ги посетат нивните социјални профили.

За Томовски, Македонско село значи идентитет и култура, раскажан преку автентичната архитектура на старите македонски куќи.

„Комплексот е многу значаен за Градот Скопје. Еден од аспектите е дека ова е всушност идентитетот, на културата, на нас Македонците на државата бидејќи има 12 куќарки коишто имаат сопствена архитектура, која ја прераскажува нашата многувековна историја од минатото. Со отворањето на портите на овој комплекс ќе се овозможи додатна туристичка дестинација, за зголемен број на туристи зголемен број на работни места“, рече Томовски.