Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

РЕК Битола не работи, сомнежите се дека станува збор за саботажа

Намерна саботажа или само обична случајност ?! Најголемиот производител на струја во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Намерна саботажа или само обична случајност ?! Најголемиот производител на струја во земјава – РЕК Битола денеска повторно во фокусот на јавноста откако утринава тој целосно беше исфрлен од електроенергетскиот систем во земјава. Имено, заради настанат пожар на дрвени елементи поставени во близина на ормарот за електронско управување и активирање на заштитиниот механизам на Блокот 2, тој автоматски бил исклучен. Првичните сомнежи се дека станува збор за саботажа. По ова, согласно оперативните протоколи на  Комбинатот, веднаш била известена крим-полицијата која пак, по извршениот увид ќе треба да го каже и конечниот збор и да ја симне дилемата. Во меѓувреме, во Комбинатот не работи ниту еден од трите блока.

„По завршувањето на полицискиот увид, стручни екипи од РЕК Битола веднаш ќе започнат со детална анализа за согледување на евентуалната настаната штета и утврдување на точната причина за зголемувањето на температурата“, – информираа утринава од ЕСМ.

  И некои од вработените во Комбинатот се уверени дека можната саботажа не е исклучена како опција, за што, како што неофицијално дознаваме од наши извори, од утре ќе следела и „проверка“ на сите службени лица. Ова, особено после сите финансиски афери кои во последно време го „тресат“ Комбинатот, а поврзани со претходните раководства за што веќе се води и судски процес под името „Адитив“ и во кој се осомничени дури 30 лица за проневера од околу 6, 5 милиони евра. Обвинителството ќе докажува дека групата на чело со поранешните директори на ЕСМ, Васко Ковачевски и Васко Стефанов и раководните структури во РЕК Битола, ТЕЦ „Неготино“ и ТЕЦ „Осломеј“, преку пререгсистрација на фирми и договарање меѓу економски оператори, местеле тендери за набавка на адитиви за јаглен кои ги плаќале неколкукратно поскапо, а адитивите не само што не се користеле, туку биле и опасни по здравјето на луѓето. Обвинетите во судскиот процес кој започна на крајот од минатиот месец се товарат за повеќе кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, наместени јавни набавки и перење пари. Првообвинетиот кој е и поранешен прв човек на ЕСМ, Васко Ковачевски е во бекство и се бара со меѓународна потерница и него ќе му се суди во отсуство. Со обвинението е опфатена и претседателката на Антикорупциската комсија, Татјана Димитровска, која со уште двајца други осомничени се товари дека споделувала информации од предмети на екс-директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, кој веќе е обвинет во случајот. Во случајот „Адитив“ обвинети се и пет паравни лица. Сите обвинети на првото рочиште негираа вина. Судењето ќе продолжи на 26 месецов.

Реклама