Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Илире Даути од крилото на Села: Излегувањето на Таравари од владата не е национален чин, туку трговски потег

Излегувањето на Таравари од владата без да ја поведе цеата група не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Излегувањето на Таравари од владата без да ја поведе цеата група не е национален чин, туку трговски потег пред локалните избори, пишува на социјалната мрежа на фејсбук пратеничката од Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села, Илире Даути.

-Постојат прашања на кои мора да одговориме за да разбереме: кој? што?

Излегувањето на Арбен Таравари со својата група од Владата, без да го поведе целиот ВЛЕН со себе, како што ги внесе таму: дали го зајакна или го оштети институционалното претставување на Албанците во Владата?

Реклама

Одговорот е едноставен: ги оштети.

Значи, еднаш влезе како губитник.

Сега излезе сам, без да го земе целиот ВЛЕН со себе, како што ги собра кога влезе.

За одговорот да беше „им помогна на Албанците“, требаше да се преземат следниве дејства:

Да излезеше од Владата заедно со целиот ВЛЕН, со сила да предизвика предвремени парламентарни избори;

Да продолжеше да се бори внатре во Владата за претставување на Албанците.

Не го направи ниту едното, ниту другото.

Следното прашање: во „Европскиот фронт“, зошто дојде и на кого му служи?!…

Заклучок:

Излегувањето на Арбен Таравари, како еден од главните создавачи на ВЛЕН, од Владата, без да ја поведе својата творба со себе надвор, не е национално дело, туку трговско, сега, на прагот на локалните избори. Затоа што од првиот ден во политика, тој никогаш не бил без власт, особено без локална власт.

Образложение:

Не можеш да ги создадеш сите предуслови за соработка со Мицкоски: – прво да ја разделиш Алијансата за Албанците,

– да се кандидираш за претседател, со цел да ѝ помогнеш на кандидатката на ВМРО да ги максимализира гласовите,

– да ја гласаш во вториот круг,

– да му пружиш рака на Мицкоски во Скопје за коалицирање уште пред да се знаат резултатите од изборите, кажувајќи им на Албанците:

„Дури и да не не изберете вие, не избра Мицкоски“,

– да влезеш во Владата како губитник со гласање за програмата на ВМРО „Македонија повторно твоја“, и да ја направиш таа програма своја,

– да ги реализираш клучните точки од таа програма,

– да ја предадеш не само волјата на граѓаните туку и сопствениот потпис дека нема да бидеш дел од Владата без уставни измени,

– да бидеш главен бранител на постапки против Албанците, на секое понижување,

– да се исмејуваш со обидите на секој Албанец, секој друг политичар кој го сака својот народ и застанува во негова одбрана – било за јазикот, било за друга каква било права.

По сето тоа, откако ќе потпишеш јавни повици вредни десетици милиони евра во Здравството, да излезеш и да кажеш:

„Доста беше, јас излегов.“

Извинете, ама не сме толку наивни, па врана да ни го испила умот, а на Албанците уште помалку!

П.С. Не е лично. Ова е повеќе од тоа, ова е долг кон генерациите, што никој нема право да го прости. Ни јас, пишува во својата објава Даути.