Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Цветанова: ВМРО-ДПМНЕ е заштитник и борец за македонскиот национален идентитет и македонските национални интереси

На денешната панел дискусија „Идеја што не запира, вредности што носат промени“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната панел дискусија „Идеја што не запира, вредности што носат промени“, гостуваше поранешната министерка за култура од ВМРО-ДПМНЕ Ганка Цветанова која истакна дека идеолошката платформа на ВМРО-ДПМНЕ се патриотизмот, заштитата на македонскиот идентитет, афирмацијата на македонскиот јазик, културното наследство како и традиционалните и семејните вредности.

-Кога станува збор за ВМРО-ДПМНЕ би можела да констатирам дека оние вредности кои се препознаваат како константа во идеолошката платформа во ВМРО-ДПМНЕ низ сите овие години на нејзиното делување се, пред се патриотизмот, заштитата на македонскиот идентитет, афирмацијата на македонскиот јазик, нашето културно наследство, негување на традиционалните духовни но и семејни вредности и стремеж кон државноста и независноста на Македонија, истакна Цветанова.

Цветанова објасни дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник и борец за македонскиот идентитет и македонските национални интереси.

Реклама

-Ова се вредности кои нас не дефинираат како народ и како држава, ова се вредности кои се исклучително значајни за опстанокот и достоинството на една нација, и вредности кои се носители на нашата колективна меморија, во таа смисла сметам и најодговорно тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник и борец за македонскиот национален идентитет и македонските национални интереси, рече Цветанова.