Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Општина Битола во континуиран процес на засилена реализација на капитални инфраструктурни проекти

Со над десетина активни градилишта на значајни капитални инфраструктурни проекти и со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со над десетина активни градилишта на значајни капитални инфраструктурни проекти и со инвестирани околу 16 милиони евра само во последниве десетина месеци, општина Битола е во континуиран процес на сериозен градежен бум. Спортско-рекреативни објекти, детски градинки, булеварско решение за влез и излез од градот кон Прилеп и Скопје, изградба на заобиколница, гасификација на општината, но и изградба на Пречистителна станица, се само дел од проектите на кои се работи, и кои главно,се финасирани со парите од двата јавни повици на оваа Влада, уверува битолскиот градоначалник Тони Коњановски.

   „Битола никогаш во историјата немала толкава инјекција од Владата. Првиот повик за инфратсруктурата со 16 проекти – 4,3 милиони евра, вториот повик со 11 и нешто милиони евра. Значи, 15-16 милиони евра веќе во една година од постоењето на оваа Влада ги имаме на располагање, и тоа е само еден огромен мотив, не само за нас, меѓутоа и за јавните битолски претпријатија, но и за приватниот сектор. Тоа и за нив е начин да се осовременат, да се зајакнат инфратсриктурно и капацитативно во делот на човечкиот фактор, и понатаму да продолжиме со исто темпо каде што застанавме“, – изјави Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

   Од се’ ова што досега се работи во Битола, задовелен е и премиерот Христијан Мицкоски, кој е во дводневна работна посета на градот под Пелистер.Тој изврши увид и во досега сработеното, но и во она што ќе следи во вториот мандат на актуелниот градиначалник кому веќе му е дадена довербата да влезе во трка и за втор мандат.

Реклама

   „Убеден сум дека сето ова значи додадена вредност и ќе значи додадена вредност во квалитетот на живот на битолчани. Уште еднаш сака да му честитам на градоначалникот за посветената работа досега. Се разбира, очекувам убедлива победа на локалните избори уште во првиот круг и успешна работа и во иднина, мнозинство во Советот,  кое што ќе биде додадена вредност во работата на градоначалникот, а не како досега кое што ќе прави опструкции и ќе ја кочи работата на градоначалникот по било која цена“, – кажа Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

  Исто така, денеска во Битола беше означен и стартот на градежните работи за реконструкција на руинираното старо кино „Партизан“, кое до крајот на годинава треба да прерасне во мултифункционален модерен Културен центар со кино, театар и други содржини. Вредноста на овој проект е 96 милиони денари и ќе работи под капата на Министерството за култура.