Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Прилози

Пруга што ќе ја смени Македонија: Стартува најголемиот инфраструктурен проект досега

Историски најголемиот инфраструктурен проект досега станува реалност. Министерството за финансии ја почнува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Историски најголемиот инфраструктурен проект досега станува реалност. Министерството за финансии ја почнува постапката за наоѓање финансии за реализација на брзата пруга од Табановце до Гевгелија. Министерката Гордана Димитриеска Кочоска информира дека утре ќе испрати писма за намери за обезбедување пари до сите досегашни партнери меѓународни финансиски институции кои во минатото обезбедувале финансии за разни проекти, издавање еврообврзници и слично. Таа вели дека кредитот го гарантира британската Експорт банка, па добриот британски кредитен рејтинг треба да ни овозможи  и пониски каматни стапки отколку претходно.

„Министерката ги негира наводите на опозициската СДСМ дека јавниот долг енормно ќе расте поради задолжувањето од 6 милијарди евра. Таа повторно потенцираше дека парите ќе се повлекуваат во етапи, онака како што ќе се градат инфраструктурните и енергетски проекти. Освен тоа, ќе се враќаат и достасани обврски, како што е еврообврзница издадена токму од Владата на СДСМ. Таа вели дека работи активно на фискална консолидација и дека бројките на крајот на мандатот ќе покажеле кој навистина се грижи за државните финансии“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии.

Министерката за финансии вели дека ребалансот на буџетот е при крај и во четврток највериојатно ќе биде ставен на гласање на владина седница. Не кажа повече детали, освен тоа дека Владата останува на истите проекции кога го донесе буџетот за 2025-та, а тоа се економски раст од 3,7% и инфлација од 2,2%.