Шеста по ред Парада на гордоста на 21 јуни, под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“
Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, на 21 јуни во Скопје ќе се…
15.06.2025
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, на 21 јуни во Скопје ќе се одржи шестата Парада на гордоста, со фокус на заедништвото, отпорот и борбата за човекови права. Организаторите најавија дека годинашниот настан ќе биде протест, а не прослава, поради зголемениот говор на омраза, институционалното молчење и назадувањето на правата на ЛГБТИ+ заедницата. Настанот ќе започне во 18 часот во паркот „Жена борец“, а маршот ќе тргне во 19 часот од Собранието, со застанувања пред Министерството за образование и наука и Владата.