Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пуштен во употреба регионалниот пат од Охрид до Св. Наум со инвестиција од 11,7 милиони евра

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции во инфраструктурата низ целата држава,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции во инфраструктурата низ целата држава, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Се пушти во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум. Со инвестиција од 11,7 милиони евра, се реконструираа 24,3 километри современ магистрален пат. Магистралниот пат Охрид-Св Наум се реконструира целосно и се опфати целосна санација на коловозот, се постави нова на сигнализација, безбедносни огради и се прошири каде што теренот тоа го дозволува. Магистралниот пат Охрид- Св Наум ќе допринесе и туризмот економијата и регионално поврзување. Охрид исто така се поврзува и со светски дестинации преку новите авио линии Истанбул, Меминген, Виена, Белград. Исто така се работи и се градат неколку клучни патни правци во Западна Македонија. Се гради Автопатот Кичево- Охрид , делниците Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, а исто така се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани- Кичево, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна цел и фокус кон засилена динамика на градежни активности на терен. Се градат нови автопати, експресни патишта, модерни коридори, се работи засилено за Македонија да има модерна и функционална инфраструктура со цел подобрување на животот на граѓаните, додаваат од владејачката партија.