Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Ѓорѓиевски: Некои моменти, како овој вечерва, се бесценети и не можат да се заменат со ниеден друг

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва заедно сопругата и најблиските соработници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва заедно сопругата и најблиските соработници присуствуваа на, која ја организирале по повод завршувањето на учебната 2024/25 година за учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец”, Здружението на родители на деца со церебрална парализа и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов” од Скопје.

-Има некои моменти кои се бесценети и не можат да се заменат со ниеден друг – токму таков е овој вечерва!Овие дечиња, секогаш мои најверни пријателчиња сакаат само љубов и внимание и да знаат дека не се сами.
И додека јас сум гостин на овој свет никогаш нема да бидат сами!

Се борам и ќе се борам да имаат еднакви можности и секогаш можат да сметаат на мене како човек, но и како градоначалник.

Реклама

Во животот не е важно кој си, што си и колку имаш – туку делата кои ќе ги оставиш зад себе. Сакам да се заблагодарам на вила ,,Касијана” што ги отвори вратите за овие дечиња да можат да се дружат и забавуваат а на вас, другарчиња мои, ви се заблагодарувам на прекрасната вечер.

Секогаш уживам да го поминам времето со вас! Се гледаме на следното дружење, порача Ѓорѓиевски.