Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Петрушевски: Кога СДСМ и ДУИ ќе пуштат директива, копи-пејст ПР-служба во служба на мафијата

Кога СДСМ и ДУИ ќе пуштат директива – а сајтовите на Мечка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога СДСМ и ДУИ ќе пуштат директива – а сајтовите на Мечка и Филип П ќе ја копираат со граматичка грешка.

„Османи му на Мицкоски…“ – и што му? Му кимна? Му мавна?, пишува пратеникот Бране Петрушевски на социјалните мрежи.

Тој вели дека недостасува зборот „одговори“, ама тоа не ги спречило, како што истакнува тој, партиските портали на СДСМ и ДУИ да тркнат со идентичен наслов – иста грешка, ист шаблон, разлика од неколку минути.

Реклама

-Ова не е новинарство. Ова е копи-пејст ПР-служба во служба на мафијата. Толку им е итно да го амортизираат ударот од Мицкоски, што немаат време ни запирка да стават, ни реченица да довршат. Наместо вистински одговор на прашањата за криминалот, корупцијата и дипломатските срамоти, тие нудат автоматизирани вресоци од партиските портали.

И уште мислат дека некој верува. Па зарем не е јасно: Османи нема што да одговори – затоа наместо со факти, пушта нарачани медиумски фусноти. А и тие, во стилот на СДСМ-ДУИ: полуписмено, без срам и без мисла, вели Петрушевски.