Реклама

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредната со со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Македонија

Досега забранети вкупно 226 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа, објави министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на неговиот Фејсбук профил.

– Апелирам до досегашните играчи, во најбрз можен рок да ги повлечат сите депонирани средства и да не се подведуваат на лажните и манипулативни е-маил пораки кои ги наведуваат да ги користат овие нелегални страници на несигурен и небезбеден начин. Никој не може да нè заштити ако не се заштитиме сами!, порача на ФБ министерот Андоновски.

Како што појаснија од Министерството, станува збор за нов налог што е добиен од страна на Државната лотарија со нелегални приредувачи на Онлајн игри на среќа и истиот е проследен до АЕК за понатамошно постапување преку телеком операторите.

Реклама

Ова е втор ваков налог кој се состои од 173 веб страници кои приредуваат нелеаглни онлајн игри на среќа, додека првиот ваков налог, информираа од Министерството, беше веднаш по донесувањето на законските измени и во тој случај беа забранети 53 нелегални Онлајн приредувачи на игри на среќа.

– Ние како Министерство постојано апелираме до граѓаните кои што имаат финансиски средства на овие страници, навремено да ги повлечат од истите и да не се подведуваат на ваквите лажни и манипулативни провајдери, бидејќи истите важат и за небезбедни, а безбедноста на интернет зависи и од самите корисници, изјавија од Министерството за дигитална трансформација.

Како институција, потенцираат, и во иднина ќе продолжиме да постапуваме на ист начин при ваквите случаеви, со цел спречување на нелгални активности во интернет просторот како и заштита на граѓаните од злоупотреба на нивните лични податоци.