Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Митева: Владата презема конкретни мерки за грижа на сите повредени, Пониква станува рехабилитациски центар

Портпаролката на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Портпаролката на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, во последното интервју се осврна на повеќе значајни теми од кои и за мерките на Владата кои ги презема за семејствата на настраданите во Кочани со отворената телефонска линија за воспоставување на контакт да се помогне за сите проблеми кои се надвор од здравствената грижа и да се помогне институционално.

Митева најпрво истакна дека СДСМ ја злоупотребува трагедијата во Кочани секогаш кога немаат проекти, реформи и кредибилитет, па се служат со лаги и манипулација со јавноста.

„Мислам на сите граѓани им е јасно дека настрана од она што им е целта на некои политички структури да ги злоупотребуваат ваквите трагедии и тоа не се случува прв пат, ние можеме многу да зборуваме за тоа како СДСМ презентираше многу други состојби во минатото. Кога СДСМ и останатите опозициски партии имаат недостиг на програма, на реформи, на посветеност на правење на нешто добро и кога го немаат кредибилитетот да зборуваат за тоа, останува само да се служат со едни вакви невистини“, рече Митева.

Реклама

Во своето гостување Митева наведе дека телефонската линија за поддршка на повредените и нивните семејства, од пожарот во Кочани е пуштена во употреба и дека тоа е една од мерките на Владата за помош и решавање на сите проблеми кои се институционални.

„Одзивот е навистина голем околу триесетина семејства веќе контактирале ги дале своите предлози, барања она што можеме надвор од здравствената грижа да помогнеме институционално, целта не е да воспоставиме далечна врска, тоа ќе покаже дека во континуитет Владата има за цел брзо и ефективно да делува односно сите проблеми коишто ги имаат а се надвор од здравствената грижа се однесуваат на било која друга институција да ја проследиме до истата и да бараме брзо и ефикасно решение“, вели Митева.

Таа исто така најави дека одморалиштето во Пониква ќе се користи како центар за рехабилитација на повредените и ќе обезбеди здравствена грижа, социјализација и закрепнување на повредените.

„Морам да потенцирам дека едно од предлозите или мерките зошто дојдовме до вакво решение, е токму на предлог барање прво на медицинскиот кадар кој што е евалуира целата состојба а второ и на самите семејства и на самите повредени затоа што доаѓаат тешки топли температури, затоа што навистина им е макотрпно одењето по болници и затоа што сметаме дека покрај здравствената грижа им е потребен и еден социјален аспект, каде ќе се чувствуваат дека се згрижени и заштитени. Пониква е одморалиште коешто е во добра солидна состојба, пациентите коишто ќе сакаат и ќе важи за сите ќе имаат обврска само да дојдат таму, се останато од аспект на медицинска грижа, исхрана, социјален и психолошки момент ќе биде обезбедено од страна на тимовите“, потенцираше Митева.