Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Митева: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е доследна на принципот на владеење на правото и неселективна правда, така ќе е и со Кочани

Марија Митева, портпаролка на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, изјави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марија Митева, портпаролка на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и самата политичка партија, останува доследна на принципот на владеење на правото и неселективната правда. Таа се осврна и на нов голем проект во соработка со ЕУ, кој предвидува реконструкција на објекти, изградба на нови простори за младите и општ развој на општина Кочани, а за деталите кажа дека ќе бидат достапни на јавноста откако ќе се финализираат сите аспекти.

,,Не ја гледам поентата и логиката во тоа досега да се штити некој, па отсега не. Клучното прашање кога зборуваме за правда е, не е кој е, чиј е. Туку што направил. И кога зборуваме за неселективна правда зборуваме токму за тоа. ВМРО-ДПМНЕ е голема политичка партија со навистина огромен број на членови и јасно и гласно потенцирано од страна на апсолутно целокупното раководство дека преземањето на власта не значи раководење со моќта туку значи служење. И дека значи почитување на владеењето на правото и почитувањето на законот“, вели Митева.

Митева објасни дека секој оној кој постапил спротивно на принципите и го прекршил законот треба да одговара, според неа, тоа е реториката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот почеток.

Реклама

,,Тоа било наша принцип и наша реторика уште од самиот почеток. Истрагата за само 5 дена имаше кривична пријава од МВР. Истрагата е веќе околу 90 дена скоро е завршена со можност за проширување. Ниту цениме дека некој кој што погрешил особено во оваа трагедија треба да биде амнестиран, ниту па имаме намера тоа да го правиме. Секој оној кој што навистина се огрешил ценам дека треба да биде изнесен пред лицето на правдата“, рече Митева.

Митева се осврна и на проект кој што е во соработка со ЕУ, и ќе претставува една навистина голема трансформација за Кочани.

,,Во однос на деталите јас ќе оставам малку простор да се финализираат, затоа што се уште се во тек. Но, можам да ви кажам дека е навистина една голема инвестиција која што ќе значи реконструкција на многу објекти, изградба на нови, правење на нови простори за младите. Нешто што ќе остане не само за овие генерации туку и за идните да дадеме еден друг импулс еден друг стимул кој што за Кочани навистина му е потребен“, заклучи Митева.