Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДСМ и ДУИ

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, доби ослободителна пресуда во случајот со набавката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, доби ослободителна пресуда во случајот со набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“, вреден 67 илјади евра и уште три други автомобили.

Судот утврдил дека во процесот на јавната набавка немало докази кои укажуваат дека Мерко ја злоупотребил службената положба. Судијата Јордан Јованов во усната објава кажа дека судот не утврдил дека Мерко сторил кривично дело.

Неговиот адвокат, Игор Петковски, вели дека со тоа што судот не утврдил ниту еден доказ, пресудата покажува оти не било сторено никакво кршење на законот при набавката на службените возила чија вкупна вредност изнесува 114 илјади евра.

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДСМ и ДУИ. Правниот систем е разрушен од судиите и обвинителите кои ги постави СДСМ и ДУИ, а кои имаат единствена цел да го спасат од одговорност секој нивен функционер кој со години ја ограбувал државата, обвинија од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.