Реклама
Прилози

Ќе се подобруваат условите во центарот за физикална терапија во Штип

Зграда стара половина век, а кадарот десеткуван. Вакви се условите во Физикалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зграда стара половина век, а кадарот десеткуван. Вакви се условите во Физикалната терапија, одделение кое важи за едно од најфрекфрентнит во штипската Клиничка Болница.

Овде со помош на термалните води и апарати , се лекуваат заболувања и состојби, во кои секој чекор е нов предизвик. Годишно се вршуват околу 200.000процедури. Брачниот пар Дончевски, од Пробиштип, веќе тринасет години се чести пациенти на ова одделение.

„Од лумбаго, кичма се лекувам. Опериран сум на двата кука, а госпоѓата е на десниот скоро оперирана„ вели Владо Дончевски ,од Пробиштип.

Само лани, на ова одделение се лекувале 4.500пациенти од целиот источен регион. Се работи со минимум кадар. Недостигаат болничари и хегиеничари. Еден специјалист замина во пензија, па на одделението сега се само двајца. Добра вест е вработувањето на еден доктор специјализант на физикална терапија.

„За нормално функционирање на одделението од ваков обем најмалку уште тројца физијатри и технички персонал„ изјави Никола Костадинов.

Реклама

Иако кадарот е десеткуван, листа на чекање нема. Според пациентите вработените дават се од себе да не се почувствуват недостатоците, но истовремено и самите пациенти треба да го чуват она што веќе е направено.

„Ау, не! Знаете ли какви луѓе доаѓаат? Еве пример во долната бања сменија, направија нешто. Но, се се испокрши, врати, брави..многу лош народ сме„ вели Миле Врасалски, пациент од Берово.

Оваа бања е втора по квалитет на вода и треба да се направи нешто, да се сред повеќе„ Стефанка Дончевска, пациентка од Пробиштип.

Работите дека ќе тргнат на подобро, е најавата за доизградба на штипската Клиничка болница. Во меѓувреме, за да се намалат гужвите и чекањата, набавени се нови апарати, но се направени и неколку реконструктивни зафати.

„Во измнаправивме сериозни промени со воведување на кабинската работа, ги намаливме гужвите. Значи сега секој пациент си има свој термин, брзо се услужуват и процесот на рехабилитација е побрз и поблагодарен. Во однос на инфраструктурните решенија во нардниот период ќе имаме реконструкција на соблекувалните и сеснадеваме дека со доизградба на Клиичка болница Штип, ќе почнеме и со посериозни зафати во нашето одделение„ вели Костадинов.

Освен со пациентите со ревматолошки и невролошки заболувања, кадарот од Физикалната терапија активно е вклучен и во процесот на рехабилитација на повредените во дискотеката Пулс.