Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ денеска ќе го организираат деветтиот „Марш за ангелите“, во знак на почит кон починатите и поддршка за побрзо закрепнување на повредените во трагичниот настан.
Маршот ќе почне во 16 часот и 5 минути од Паркот на револуцијата, ќе продолжи пред општината, а оттаму кон полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.
