Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Кисела Вода организираше бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветтоодделенци!

Синоќа во спортската сала на ОУ „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синоќа во спортската сала на ОУ „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје се одржа првата бесплатна, заедничка полуматурска прослава за сите ученици од деветто одделение во општина Кисела Вода.

Настанот беше дел од проектот „Мисија полуматура“, по иницијатива и организација на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и општината, што претставува нов пристап во одбележувањето на еден од најзначајните моменти за секој деветоодделенец.

Веселата атмосфера беше зачинета со богат музички настап на познати ди џеи, музички бендови, а настап имаа и самите полуматуранти, кои добија простор да го покажат својот талент.

Реклама

Пред салата беше поставена и фото кабина и „дрво за пораки“, каде беа овековечени стотици насмевки и среќни спомени кои ќе ги следат полуматурантите во нивниот понатамошен живот.