Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии – Комисијата за одбрана и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог на законот за прогласување на Просторот околу Собранието на Македонија за безбедносна зона, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи, сите по скратена постапка.

На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на законот за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, во второ читање, Предлог на законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт во прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за волонтерството во прво читање и Предлог на законот за изменување на Законот за младински додаток во прво читање.

Реклама

На Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на законот за претворање на побарувањето на Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, по скратена постапка.

На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог на законот за изменување на Законот за заштита од вознемирување на работно место во второ читање, Предлог на законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт во прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за волонтерството во прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за младински додаток во прво читање, Предлог на законот за претворање на побарувањето на Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, по скратена постапка, Предлог на законот за прогласување на Просторот околу Собранието на Македонија за безбедносна зона, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка.