Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Божиновски: Заев и Ковачевски во процесот на евроинтеграциите ја доведоа Македонија до коленичење

Универзитетскиот професор Владимир Божиновски зборуваше за обраќањето на еврокомесарката за проширување Марта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетскиот професор Владимир Божиновски зборуваше за обраќањето на еврокомесарката за проширување Марта Кос која се обрати на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент каде што се понуди за олеснувач меѓу Македонија и Бугарија.

Божиновски потенцираше дека промената на Уставот во Македонија не било спорно туку што потоа, и дека од Македонија се барало се, без притоа да се понуди решение.

„Не беше спорно никогаш и проблематично самата промена на Уставот колку што потоа. Секогаш беше проблемот дека се бара се од Македонија без притоа да се понуди нешто, особено во случајот со Бугарија затоа што Бугарите едноставно одат на се подлабоки и подлабоки барања и они тоа отворено го кажуваат дека ова не е последното нешто со коешто ќе се соочи Македонија. Ние имавме договор за добрососедство којшто треба да послужи по решавањето на спорот со Грција, Македонија да ги започне преговорите, видовме дека Бугарија го погазија тој договор за добрососедство“, објасни Божиновски.

Реклама

Божиновски објасни дека Македонија постојано се соочува со нови барања и дека владеењето на СДСМ и водењето на евроинтеграциите од страна на Заев и Ковачевски ја довеле Македонија до коленичење.

„Премногу пати имаше ветувања ова е последно, и ние се соочуваме постојано со некакви нови барања, јас мислам дека може да се изнајде решение каде што ние можеме да ги прифатиме Бугарите заедно со сите други малцинства но дека нема после тоа повторно да има нови барања кои ќе претставуваат блокада. Едно е добра волја друго е коленичење што го правеше Заев и Ковачевски, мора да направиме една јасна дистинкција што е добра волја а што е коленичење, видовме тоа до каде не однесе“, дециден е Божиновски.