Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Ученици од Гази Баба во посета на Единицата за службени кучиња на МВР

Во посета на Министерството за внатрешни работи во Единицата за службени кучиња…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во посета на Министерството за внатрешни работи во Единицата за службени кучиња денеска беа учениците од шесто одделение од ООУ.„Наум Наумовски – Борче“ – Гази Баба и Бобан Стефковски, градоначалникот на оваа скопска општина.

Гостите, придружувани од претставници кабинетот на министерот Тошковски, имаа можност да се запознаат со работата на оваа полициска единица и се што прават службените кучиња за безбедноста на граѓаните, вип лица и објекти како откривање експлозиви, оружје и забранети супстанции.

-Потоа учениците присуствуваа на показна вежба на која службениците полициски кучиња извршуваа наредби од своите тренери и во пракса пронајдоа експлозиви и оружје исто како што би било во реална ситуација. На крај учениците имаа можност да се дружат со најмалите кучиња кои се на почетокот на процесот на тренирање. Секако имаше и многу прашања кои се одговорија како: Дали едно куче може да пронаоѓа повеќе работи и оружје и дрога, кога почнува а кога завршува обуката на едно полициско куче, кој им ги дава имињата на кучињата, на кои полициските службеници одговорија со задоволство. Секако дечињата научија дека за безбедноста на сите нас, освен полицијата надлежен и секој со своето однесување и дека кога сите внимаваме, сите сме побезбедни, соопштуваат од МВР.

Реклама

МВР преку вакви активности продолжува да ја доближува полицијата до граѓаните, прикажувајќи ја работата на различните сектори. Целта е јасна: повеќе доверба, поголема безбедност и заедничко учество во градење на посигурна средина за сите!