Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Правилната распределба на државното земјоделско земјиште може да ја намали зависноста од увоз на храна

Земјоделството како гранка, полека, но сигурно, повторно станува примамливо, но и исплатливо…

Сподели:

Земјоделството како гранка, полека, но сигурно, повторно станува примамливо, но и исплатливо за македонските земјоделци. Според непосредните производители кои веќе потпишале договори за користење на дополнителни парцели државно земјоделско земјиште, со ова, во наредниот период значително ќе си го зголемат и прошират сопственото производство, а што им е од егзистенцијална важност, бидејќи тие живеат само од тоа.

  „Денеска, еве добивме договори за земја, за 30 години. Работиме негде околу 150 хектари. Денеска потпишавме уште за 8 хектари на три различни фирми, за тутун, пченица, сончоглед, значи за повеќе различни култури. Сега најисплатлив е тутунот. Сега за сега, повеќе вложуваме во тутунопроизводството. И во пченицата, имаме 70 хектари и со пченица, имаме околу 600 декари сончоглед, па 70 декари тутун годинава, лани имавме 50, годинава 70“, – вели младиот земјоделец Ердован Исламоски од с. Канатларци.

   Од друга страна, со бројните стимулативни мерки кои што ги презема ресорното Министерство, а особено со одземањето на со години узурпираното државно земјоделско земјиште од рацете на невистинските земјоделци и давање под закуп на вистинските, државава има реални шанси да ја намали дури и увозната зависност за храна.

Реклама

  „Знаете дека во изминативе месеци спроведовме контроли кај големи корисници кај што најдовме и злоупотреби. Раскинати се договорите, земјиштето е ослободено. Се работеше изминативе месеци и на ослободување од корисничкото право и веќе во наредниов период можеме да го ставиме и тоа во функција каде што сите земјоделци ќе имаат можност да аплицираат. Предност ќе дадеме во одреден дел и на сточарското производство, однOсно сточарите да имаат предност при добивање на ова земјоделско земјиште“, – изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

    Според Трипуновски, интересот кај земјоделците за користење на државно земјоделско земјиште, во зависност од регионот, бил различен за тоа кои култури ќе ги одгледуваат. Но, главно биле застапени сите, што според него е поволен показател за балансирање на домашното земјоделско производство.

   Инаку, досега, на ниво на држава, вкупно се распределни над 6.000 хектари необратувано државно земјоделско земјиште. А додека по последниот Јавен повик од јануари годинава, потпишани се 192 договори за површинна од близу 500 хектари само во Пелагонскиот регион.