Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Во Прилеп одржана меѓународна конференција за поефикасни здравствени и социјални услуги во заедницата

Во Прилеп одржана Меѓународна конференција за поефикасни здравствени и социјални услуги во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Прилеп одржана Меѓународна конференција за поефикасни здравствени и социјални услуги во заедницата -Поефикасен пристап до здравствените и социјалните услуги во заедницата, особено на ранливите категории граѓани, како и истражувањето на најпродуктивните алатки за остварувањето на таа цел во земјава, а базирани на искуствата и практиките од европските земји, беше темата на Меѓународната конференција која се одржа во Прилеп.

.„Мислам дека сме на почеток, меѓутоа имаме направено доста успешни чекори, и доколку натаму продолжат реформите и поддршката на релевантните институции, навистина ќе може да забележиме подобар напредок и да се вброиме и ние во листата на земји кои што имаат квалитетни и одржливи социјални и здравствени услуги“, – изјави Марина Тошеска од Здружението „Центар за развој и едукација“, Прилеп.

„Се разработуваат нови планови, нови програми и се надевам дека нови провајдери ќе се јават, заедно со нашите пријатели од странство, и дека за брзо време ќе ги имаме разработено, или дека ќе ги понудиме услугите како комплет – социјални и здравствени услуги, психо-социјална подддршка и здравствена услуга на сите оние на кои што им е потребна“ – рече Зоран Малковски, директор на МЦСР – Прилеп.

Реклама

Иако се работи за различни системи и услови, сепак имплементацијата на искуствата од развиените европски земји кај нас, не е невозможна мисија. Според излагачите од Австрија, Албанија, Хрватска и Србија, токму взаемната размена на искуствата е темелот за остварувањето на таа цел.

„Станува збор за два различни системи и сега нашата задача е да видиме точно која услуга се вклопува во овој систем. Некои работи се вклопуваат подобро тука во Македонија, а некои работи се вклопуваат подобро во Австрија“, – кажа Штефан Нидермозер, регионален менаџер на НВО од Австрија.

„Во Албанија социјалните и здравствените услуги се целосно поделени. И сега ние сме соочени со предизвикот да ги комбинираме за да им обезбедиме најдобра опција на граѓаните“, – посочи Алтина Пешкатари, социјална работничка и мониторинг-менаџер на Проект од Тирана.

Конференцијата ја организираше Центарот за развој и едукација од Прилеп, кој зад себе веќе има и два успешни проекти – „Помош и нега во домот“ и „Медицинска сестра во зедницата“, спроведени во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.