Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Стар проект за брана од далечната 1947 година го кочи целиот развој на Поречието

Проектот за изградба на браната „Калуѓерица“ во Поречието со водостопанска дозвола уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проектот за изградба на браната „Калуѓерица“ во Поречието со водостопанска дозвола уште од 1948 година, исцртана и во Просторниот план на Македонија од 1974 година, а која никогаш не е изградена, тотално го кочи на развојот во овој регион, тврди градоначалникот на Македонски Брод. Според него, овој проект, заради големата застареност, но и заради веќе докажаната неодржливост, итно треба да се избрише од Просторниот план за да може општината да си ги преземе ингеренциите и да обезбеди непречен развој на целата територија.

„Што направивме ние? Ланската година веќе се отвори Просторниот план на Република Македонија, и општина Македонски Брод, како засегната, поднесе иницијатива до Агенцијата за Просторно планирање за да може оваа брана целосно да се избрише од Просторниот план. Таа иницијатива сега е проследена до сите релевантни институции и одделни министерства од каде што треба да се добие мислење. Се надеваме дека во блиска иднина браната „Калуѓерица“ нема да претставува проблем за развојот на Македонски Брод“, – изјави Жарко Ристески, градоначалник на Македонски Брод.

  И поречани се убедени дека оваа брана не само што не е потребна, туку никогаш нема да биде ни изградена, бидејќи тоа би значело и потопување на голем број населени места, патишта, но и на веќе развиени, а и потенцијални бизниси кои се лоцирани долж течението на реката Треска.

Реклама

„Затоа можеби и имаме мал број на сместувачки капацитети, затоа што ние како општина не можеме ништо да урбанизираме во голем дел од течението на реката Треска“, – објаснува Ристески.

   Освен ова, голем проблем во оваа, инаку исклучително богата општина со ретки природни ресурси за сестран развој, е и неизградениот пат кон Скопје преку Резерватот „Јасен“ по кој веќе со децении се патува со постојан сообраќаен режим од четири термини дневно.„Благодарение на Националниот парк „Јасен“ ние сме затворени и наместо да патуваме 80 или 90 км до Скопје, ние сега многу често мораме да патуваме двојно повеќе“, – потенцира градоначалникот Ристески.