Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Инвестициите во железница и во медицина треба сите да не радува, сметаат експертите

Вложувањето во капитални проекти ќе донесе бенефити за стопанството и за граѓаните.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вложувањето во капитални проекти ќе донесе бенефити за стопанството и за граѓаните. Бизнисот ја поздравува најавата за изградба на брза пруга од Гевгелија до Табанове и инвестиции во здравството како први проекти кои ќе се финансираат со парите од Велика Британија.

Според веќе познатите информации, благодарение на постигнатиот договор, Обединетото Кралство става на располагање финансиска рамка од 6 милијарди евра, а првиот циклус инвестиции каде главни проекти се модернизација на железничката инфраструктура и нови болници ќе биде во вредност од околу 2,2 милијарди евра. Бизнисот апелира на внимателност околу условите.

Инвестицитите во железницата и инвестициите во здравството се инвестиции во кои треба бескурполозно да се вложува ние како здружение иницираме и инсистираме на такви инвестиции, по мене кога се зема заем во олкав обем, а се најавува инвестиции во железница и во медицана тоа треба сите да не радува и треба да го поддржиме… Видот и начинот по кој што ќе се зема кредитот со оглед на тоа дека ќе се инвестира во проекти во кои што нашите градежни компании и немаат некое големо искуство, апелираме да бидат многу внимателни и сите негативности кои произлегоја од други вакви слични договори ги утврди – вели Андреа Серафимоски – Претседател на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали

Реклама

Според најавата на властите, изградбата на брзата пруга од Табановце до Гевгелија, со целосна реконструкција на постојната траса и изградба на нова, ќе овозможи сообраќај на патнички возови со брзина до 160 км/ч, а товарни до 120 км/ч. 

Владата најави дека ќе има вклученост на домашните компании и дека ќе се седне на иста маса заедно со стопанските комори.  Градежниците очеквуаат вклчученост на домашната оператива во реализација на проектите.

Очекувањата се дека овие капацитети што ги има републиката треба да се проценат и треба да бидат планирани во изградба на вакви стратешки проекти поготово таму каде што работата не се добива по јавни набавки …. 3:24 Нашите градежници за жал ги пропуштија можностите во минатите седум години да бидат дел од вакви проекти особено во жележничкиот сообраќај и тука неможеме да бидеме креатори туку можеме да учиме …. Нас треба да ни е јасно дека со градежништвото градиме иднина, а не само проекти – вели Андреа Серафимоски – Претседател на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали

Договорот Влада со Влада во Лондон треба биде потпишан утре од страна на вицепремиерот и министер на транспорт Александар Николоски  По потпишувањето се очекува да бидат познати условите кои Македонија ги испреговарала, а според најавите се најповолните досега. Според Владата нема да има ефект врз јавниот долг, а парите ќе се враќаат по изградба на одреден дел.