Инвестиции во железничка инфраструктура и во здравството се првите големи проекти кои ќе се реализираат со пари од Велика Британија благодарение на договорот за кој се спогодија двете влади.
Вицепремиерот Александар Николоски во интервју на ТВ Сител посочи дека станува збор за два договори, едниот е за стратешко партнерство кој ги одредува политичките контури на соработка, а вториот договор е Влада со Влада кој предвидува поддршка за инфраструктурни проекти, здравство, енергетика и останати ранливи сектори за што Британија става на располагање 5 милијарди фунти, a Македонија може да ги искористи кога сака, односно нема временска рамка.
Првите циклус инвестиции е во вредност од околу 2,3 милијарди евра. Брзата пруга на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија е првиот голем проект кој ќе биде реализиран, а ќе има огромни бенефити за македонското стопанство. Со брзина од 160 км на час, Македонија од граница до граница ќе се поминува за час и половина.

„ Ќе се користи постојната рута, односно ќе се оди по рутата од Табановце која поминува покрај Куманово, влегува во главниот град Скопје, оди до новата железничка станица и надолу се спушта по реката Вардар и ја користи долината на реката Вардар, поминува Велес, Неготино, Демир Капија, Гевгелија и излегува на границата со Грција. Со тоа што, тоа нема да биде обична реконструкција на пругата во смисла се вадат старите пруги, се ставаат нови пруги, туку ќе е една целосно нова линија со два колосеци. рече Николоски.
Во првиот циклус влегуваат и изградба на клиничка болница во Штип, нова болница во Кичево, реконструкција на болницата во Тетово изградба на нов медицински факултет и изграздба на студенски дом паралелно со изградбата на факултетот. Она што е клучно за домашното стопанство е дека со договорот се отвора можност 70 отсто од домашните компании да работат на ифраструктурните проекти. Со ова, моторот на економијата – градежништвото се очекува повторно да стане конкурентно.
Покрај знаење ќе се трансферираат и добра кон нашиите комапнии во смисла ќе се стават на располагање машини до кои што нашите компании не можат да дојдат дури и да имаат пари. Ќе се стават на располагање инженери кои што може да постават нови системи на работа до кој што нашите компании исто така не можат да дојдат, така што очекувам ова што го правиме со Велика Британија да го трансформира и бизнисот.
Првите машини на терен се очекуваат наесен. Планот е следната недела во Лондон да се потпише договорот Влада со Влада по што договорот треба да се ратификува во македонската Влада и во Собранието, а треба да се ратификува и во британската влада, по што ќе се потпишуваат догтоворите за брзата пруга и за инвестициите во здравството па ќе бидат презентирани во Владата и во Собранието. Во однос на финансирањето, познато е дека ќе има и можност за грант компоненти во дел од проектите, а условите кои Македонија ги добила за парите од Британија, као што велат од владата – ќе бидат најповолни од цел регион.
