Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Мицкоски: Договорот со Обединетото Кралство е договор за партнерство и еден вид нов договор за Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, меѓудругото во своето обраќање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, меѓудругото во своето обраќање на годишната 20 по ред Конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна и на договорот со Обединето Кралство за кој како што рече е договор за пријателство, економски раст и соработка во повеќе области кои се од клучно значење за државата.

„Овој договор многумина, а и јас го нарекуваме историски договор од повеќе причини. Овој договор е мојот – Нов договор за Македонија, по примерот на оној кој го обзнани американскиот претседател Рузвелт и кој е познат во историјата. Овој договор подразбира отворање на работни места, равој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти, многу големи гигантски проекти какви што досега немало, инвестиции во железницата преку брзи лини, автопати и патишта, болници, образование и што ли уште не. Ова е договор кој на Македонија ќе и донесе пари за да работи и инвестира во својот напредок во вредност од 6 милијарди евра“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ова е договор кој значи и безбедност и безбедносна соработка со Обединетото Кралство.

Реклама

„Ова е договор кој ќе донесе инвестициска револуција во државата, еден вистински историски инвестициски циклус со кој Македонија ќе работи, ќе се гради, ќе се развива, ќе напредува“, кажа Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на критиките за договорот со Обединето Кралство.

„Секако ниту очекував, ниту мислев дека е возможно дури и една вака добра вест за народот да помине без оспорување од некои маргинални слуги на пропадната опозиција кои хорски настапија со идентични наслови критикувајќи го ова. И тоа изворот се оние кои лажно се прикажуваа за корифери на западната мисла овде, за сега да не критикуваат зошто сме биле на инаугурација на Трамп и слично. Замислете, седеле така и анализирале и во паника и агонија некој од нивните генијалци смислил мигрантски кампови. Нешто кое на памет не ни паднало ниту пак некој побарал од нас, а тоа впрочем јасно го кажа и британскиот амбасадор во земјава“, вели Мицкоски.