Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Ѓорчев: Да се направи детална проверка на имотот и богатството на функционерите со „златни“ визи

Поранешниот амбасадор и одличен познавач на глобалните случувања Марјан Ѓорчев, беше гостин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот амбасадор и одличен познавач на глобалните случувања Марјан Ѓорчев, беше гостин во Наткаст на КУРИР кај Љупчо Цветановски.

Меѓу другите значајни теми, се коментираа и политичарите кои се стекнуваат со енормно богатство, златни визи и големи имоти. Ѓорчев дециден – да се направи детална проверка на имотот и богатството.

-Ние имаме закони, ако сакаме да ги спроведеме тогаш лесно ќе се провери кој, како и зошто може да ги прави тие бизниси, како стекнал таков имот и колку „тежел“ кога дошол на функција, а колку кога излегол. Тоа е бројка од 3000 функционери, јас горе-долу ги знам во овие 30 години. 600-700 судии, можеби има 400 министри, премиери, уште 800 пратеници, околу 300 обвинители. Тоа се 3000 луѓе. За проверка ќе составите 10 тима од УЈП, ДКСК… Тоа се прави за година дена, ќе ги имате сите документи. Тој што стекнал, што има доказ, ќе си го оправда тоа, че си плати данок. Некој не може да докаже, ќе треба да плати сериозен данок. На некој ќе треба да му биде одземен тој имот. Тоа Македонија може да го прави по законите. Се знае колку заработува еден функционер во својот мандат, колку ви е платата за 4 години. Колку имате привилегии, подароци, но се знае колку можете вие да купите. Не можете да купите 10 стана, не можете да изградите хотел со вашата плата, не може да добиете златни визи, рече Ѓорчев.

Реклама

Ѓорчев вели дека тој е за систем во кој што мора да има еквилибриум меѓу монетарната и даночната политика.

-Тој што има повеќе, треба да плати повеќе. Јавното добро мора да се штити. Тој повеќе троши, има пет автомобили, 10 стана, повеќе троши и треба повеќе да дава за државата, рече Ѓорчев.