Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Ристески: Таравари се враќа во прегратките на луѓето кои го осакатија државниот буџет во изминатите години

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, во последната дебата со портпаролката на СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, во последната дебата со портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска, дискутираше за актуелната тема деновиве, за напуштањето на Владата од страна на министерот за здравство Арбен Таравари.

На самиот почеток пратеникот истакна дека оваа одлука е на Таравари но не и на неговата партија, и нагласи дека Таравари ја променил твојата реторика од моментот кога во јавноста беше актуелна темата за потпишување на договорот за изградба на катна гаража на Клиничкиот центар во Скопје.

„Оваа е одлука на господинот Таравари, не би рекол дека и на неговата партија, не знам дали комплетно сите партиски функционери ќе застанат заедно со господинот Таравари. Забележително беше за мене момент кога господинот Таравари го промени начинот на однесување и наративот кога се појави во јавноста темата за потпишување на договорот за изградба на катна гаража на Клиничкиот центар во Скопје“, објасни Ристески.

Реклама

Ристески исто така истакна дека Таравари не навел јасни причини за излегувањето од Владата и дека останатите функционери од неговата партија исто така не биле запознаени за причините поради кои се одлучил Таравари на ваков чекор.

„Таравари не наведе некои јасни причини и денеска во разговор со неколку функционери од неговата партија и сами кажаа дека уште не им се јасни и доволно објаснети, внатре во партијата причините поради кои се одлучил Таравари на ваков чекор и не знаат дали ќе го следат сè уште“, рече Ристески.

Пратеникот потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ не толерира никој кој би коалицирал со луѓето кои во изминатите години го осакатиле државниот буџет, кај кои Таравари повторно се враќа во нивните прегратки.

„Ние апсолутно не толерираме никој кој ќе каже дека сака да коалицира со оние кои во изминатите години додека ја практикувале власта го осакатиле државниот буџет, а такви се Артан Груби кои моментално е во бегство, Зоран Заев, Венко Филипче и сите оние за кои сега господинот Таравари влегува во нивна прегратка. Овој пат господинот Таравари се одлучи да се врати во прегратките на оние кои се на црната листа, тука имаме еден врховен судија Беџети, недопирлив градоначалник додека вие бевте власт Рамиз Мерко, директор на едно јавно претпријатие Ејуп Рустеми кој исто така има кривична пријава и ќе одговара за злоупотребите кои ги правел во период додека ја практикувавте власта. Сите оние кои се огрешиле, ВМРО-ДПМНЕ нема дилема ќе одговараат, господинот Таравари не знам зошто од негови причини се одлучи да оди спротивно на своите гласачи од кои патем ја доби и довербата на минатите избори кои апсолутно гласаа против криминалот на ДУИ“, посочи Ристески.