Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Се зголемуваат капацитетите за предшколска грижа, државата иневстира во нови градинки

Речиси и да нема општина во државава во која не е евидентен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси и да нема општина во државава во која не е евидентен недостигот од згрижувачки капацитети за предшколските деца, а долгите листи на чекање станаа хроничен проблем и своевиден кошмар и за родителите, и за државата. Во моментов, бројот на деца во земјава кои чекаат за свое место во градинка се брои во илјади, а во запишаните групи пак, неретко има и двојно повеќе деца од предвиденото. Од ресорното Министерство велат дека се свесни за состојбата и уверуваат дека веќе интензивно се работи на решавањето и на овој долгогодишен проблем. Главно, преку проекти со кои аплицираат самите општини.

„Независно дали тоа беше од оние повици во 2024 год. со оној популарен унгарски кредит, или со новиот повик кој што заврши пред некој ден каде имаме веќе дополнителни нови 7 апликации и 4 од старите, тоа се веќе 11 апликации кои што несомено сите ќе бидат прифатени. Дел веќе се и во реализација, од првиот повик, а сето тоа со намера токму бројката на листи на чекање во сите општини каде имаме проблеми, да ги решаваме по овој принцип“, – изјави Ѓоко Велковски, зам.министер за социјална политика, демографија и млади.  

Вториот чекор кој што ќе биде преземен, според Велковски, е отворање на градинки во други просторни услови, за што имало и јавен повик на крајот од минатата година и за скоро време треба да бидат склучени договорите за проектирање на 13 објекти низ Македонија.

Реклама

 „Не само од овие два типа на поддршка, туку и самото Министерство може да финансира и директно од нашиот буџет вакви капитални инвестиции, така што има постојан отворен повик, постојано сме отворени како Министерство за секој оној кој има готов проект да го достави до нас, а потоа ние да ги дообезбедиме потребните средства за да може да се реализираат проектите од страна на Министерството“, – посочи Велковски.

Од Министерството велат дека и отворањето на детски градинки во некои поголеми компании преку јавно-приватно партнерство, не се исклучува како опција. Но ова, само под услов да се исполнат сите стандарди предвидени со Законот за детска заштита, кој пак, во моментов претрпува и одредени реформски измени за како би можеле и ваквите иницијативи да бидат ставени во законски рамки.

 https://www.youtube.com/watch?v=BroVdDm6RlU