Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

„Недозволиво е пациентите да чекаат, а апаратите да скапуваат“-докторите бараат итна реформа по шокантниот ревизорски извештај

Ревизорскиот извештај кој покажа дека 32 проценти од скапата медицинска опрема во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ревизорскиот извештај кој покажа дека 32 проценти од скапата медицинска опрема во јавното здравство не се користи доволно или “скапува” во болнички подруми е загрижувачки за цела јавност – оценуваат докторите. Според д-р Чолакова Дервишива овој фрапантен податок кој покажува дека опрема вредна речиси 19 милиони евра стои неискористена е резултат на непланска набавка на опрема години наназад, и мора да се направи итна реформа во здравството, а приоритет да бидат новите вработувања на стручни лекари специјалисти. Таа вели дека недозволиво е пацинтите да чекаат со месеци термини за ехо на дојка, компјутер или мамографија, а дел од новите апарати да стојат во подруми.

Голготата на пациентите што чекаат термини затоа што не функционираат апаратите и нема кој да ги управува мора да престане – велат матичните. Тие се децидни дека Македонија има стрчен кадар само треба правилно да биде распределен.Според нив, децентрализацијата на здравствените услуги ќе го олесни патот на пациентите за нивното лекување.

Реакциите на лекарите доаѓаат по извештајот на ДЗР каде што е утврдено дека поради необезбедени кадровски и просторни услови набавените скапи апарати воопшто не биле ставени во функција, а други пак, не се користат во полн капацитет. Станува збор за компјутерска томографија, ангиографи, акцелератори, мамографија, и пет скенер – дијагностички процедури за кои многу тешко се доаѓа до термин. Анализата на ДЗР која се однесува на 3 годишен период од 2021-2023 –та покажува дека од 9 скапо платени акцелератори за зрачна терапија на онколошки пациенти кои чинат речиси 22 милиони евра, 5 воопшто не се ставени во функција два на Онкологија, и по еден во ГОБ “8 септември” и Клиничките болници во Штип и Битола.