Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Над 200 медицински апарати, вредни преку 100 милиони евра, фаќаат прашина и скапуваат во подруми

Загрижувачки информации сподели Државниот завод за ревизија. Над 200 медицински апарати, вредни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Загрижувачки информации сподели Државниот завод за ревизија. Над 200 медицински апарати, вредни преку 100 милиони евра, фаќаат прашина и скапуваат во подруми.

Иако во последните три години е постигнат напредок во обезбедувањето современа медицинска опрема и нејзина регионална распределба, дел од таа опрема сè уште не е ставена во функција или не се користи доволно.

Ревизијата на Државниот завод за ревизија открива дека главни причини за неупотребата на скапа медицинска опрема се недостатокот на стручен кадар, неадекватни просторни услови и технички пречки. Од вкупно 57,7 милиони евра вложени во опрема, дури 18,6 милиони се однесуваат на уреди кои не се користат или не функционираат со полн капацитет.

Реклама

Пет линеарни акцелератори, набавени за онколошки третмани, сè уште не се ставени во употреба. Дел од ангиографите и КТ-уредите се неискористени или расипани, а некои здравствени установи воопшто немаат стручен кадар за нивно користење. И покрај зголемувањето на потребата за дијагностика и третмани, бројот на радиолози е намален, а дел од опремата сè уште чека на соодветни простории или обука на персоналот.

Институтот за ПЕТ скенирање, единствен во земјата, работи со само еден уред, а неговиот циклотрон не се користи во целост. Ревизијата утврди и лоша евиденција на здравствени услуги, нефункционален систем за закажување и отсуство на листи на чекање. Како последица, постои нееднаква достапност на услуги и ризик од преоптоварување на дел од здравствените установи.