Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска одржа прес конференција.

„Од моментот на влез во политиката до крај ќе работам врз база на основни лични принципи на работа, засновани на начелата за чесност отчетност и одговорност.

Во континуитет со години, а интензивно од локалните избори до денеска од страна на поединци, менаџирани и мотивирани од луѓе заглавени до гуша во криминал, поранешни премиери, министри и актуелни самопрогласени лидери на опозицијата, јас и тимот околу мене сме напаѓани со неосновани клевети и лаги за наводни злоупотреби.

Реклама

Би сакал да ја информирам јавноста и граѓаните дека целта на оваа кампања на СДСМ не сум лично јас, туку преку мене политичкиот субјект кој е најбрзорастечка партија во Македонија, а тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

За да биде иронијата поголема тоа го прави СДСМ – партијата на неспособноста, криминалот и националното предавство.

СДСМ нема кредибилитет да зборува за правда.

Паниката го прави своето.

Еве ја вистината:

1.Земјиштето за кое што ме обвинуваат е сопственост на моето семејство
кое е наследство од моите предци со турска тапија.

2.Тогашната парцела изнесувала 18 илјади м2, државата по пат на денационализација на членовите од моето семејство им вратила само 1200 м2 земјиште и 4800 м2 коишто се платени со државни обврзници по цена од 800 ден/м2, што значи дека мојата фамилија загубила 12000м2 сопствен имот.

3.Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година, во времето на поранешниот
градоначалник Зоран Дамјановски-ЦИЦ од СДСМ.

4.Со новиот ДУП постоечката парцела и габарити не се менуваат.

5.Предметното земјиште за кое сега неосновано ме обвинува СДСМ е со вкупна површина од 1200 м2, тоа било во сопственост на членови на моето семејство и изнесува само 2,8 проценти од вкупната површина на парцелата во ДУП-от

6.Инвеститорот ЛИДЛ МК прави преддоговор за откуп на имотот од таа парцела во ДУП -от на 23.02.2024 година и договор за купопродажба на земјиште од 1200м2 на 26.01.2024 година.

7.Врз база на тој преддоговор инвеститорот ЛИДЛ МК на 27.02.2024 година покренува Иницијатива за усогласување на номенклатурата на постоечкиот ДУП согласно со новиот закон за урбанистичко планирање од 2020 година донесен од СДСМ.

8.Советот на општина Куманово донесе Одлука за усвојување на Нацрт ДУП-от и постапката е во тек“. Димитриевски пред медиумите посочи:

„СДСМ веќе не е партија, тоа е остаток на мафија на кои им се тресе фотељата. Денеска сакам да им порачам – колку повеќе лажете, толку посилен ќе биде нашиот одговор. Времето на Заев, Спасовски и Филипче е завршено. Доаѓа време на одговорност за сите што ја злоупотребија државата“.

Во однос на ДУИ, тој потенцира: „Ставот на ЗНАМ е конзистентен.

Нема соработка со нереформиран ДУИ. Јас не им должам ништо, ниту на ДУИ, ниту на СДСМ, ниту пак на нивните тајкуни. Токму затоа им пречам, затоа што не можат да ме купат, уценат, ниту пак да ме заплашат“.

Димитриевски ги повика институциите да го испитаат овој предмет.

„Ги повикувам сите надлжени институции да го испитаат овој предмет до крај. Да ја испитаат целата фактичка состојба.

Доколку се утврди било каква кривична одговорност да поднесат кривични пријави против сите засегнати лица“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на денешната прес конференција.