Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Aкцелератори,ангиографи,томографи, мамографи – опрема вредна 18,5 милиони евра „скапува” во болнички подруми

Скенери, акцелератори, ангиографи, томографи, мамографи – опрема вредна  18,5 милиони евра „скапува”…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скенери, акцелератори, ангиографи, томографи, мамографи – опрема вредна  18,5 милиони евра „скапува” во болнички подруми затоа што нема кадар и простор за користење – откриваат од ДЗР.

Државата од 2021 до 2023 се заборавила од купување на медицински апарати, без да бере гајле што нема кој да работи со нив. Наодите на ревизорите се загрижувачки, опрема вредна 13 милиони евра не е воопшто во употреба, а уште 5,5 милиони евра стојат неискористени во полн капацитет.

Најдрастичен е примерот што од 9 линеарни акцелератори вредни 21,8 милиони евра за радиотерапија на пациенти со малигни заболувања, пет не се ставени во употреба. Два од нив се на Клиниката онкологија, два во болниците во Штип и Битола и еден во ГОБ „8 Септември“иако три од нив се инсталирани пред неколку години.

Реклама

“Иако се набавени акцелератори и за други ЈЗУ, сите услуги во периодот 2021–2023 година ги обезбедува единствено Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде се третираат над 2.300 пациенти годишно, односно просечно се вршат околу 200 зрачни третмани на ден. Централизацијата на услугата доведува до преоптовареност на установата и персоналот, што може да влијае на континуитетот и квалитетот на третманот на пациентите”, велат од ДЗР.

На ниво на држава, во 9 јавни здравствени установи се инсталирани 18 ангиографи, но дел од нив не се користат редовно. Дури и за уредите што се користат како компјутерските томографи – ревизијата покажува дека не се закажуваат со регуларни термини туку со помош на “врски”, а дел од уредите се почесто дефектни. Па граѓаните во таа ситуација се приморани да одат на приватно и да го платат снимањето најмалку 300 евра.

Ревизијата утврдила дека нови купени компјутерски томографи во болниците во Тетово и во Кочани фаќаат прашина бидејќи нема кој да работи на нив и поради технички проблеми. Но и пациентите од источна Македонија, односно во Струмица цела 2024 година немале термини за компјутерски томограф  овој апарат бил „во аут“ поради дефект.

“Само 3 од 22 јавни здравствени установи во државата објавуваат број на термини за компјутерска томографија кој е блиску до пропишаното, додека во 10 болници термините за КТ што се објавуваат е значајно под пропишаните норми”, констатира државниот ревизор.

Од ФЗОM велат дека станува збор за непланска набавка на апарати во минатото..и дека ситуацијата во иднина ќе биде стабилизиранана, ќе се стават голем дел од апаратите во фукнција и со новиот бран на вработувања на лекари ќе се подобри состојбата во здравствениот систем.

Во тек е трката за вработување во клиниките и болниците.Огласите на јавните здравствени установи се најчесто за педијатри, гинеколози, хирурзи, кардиолози, радиолози и интернисти. До крајот на овој месец ќе бидат вработени 300 млади лекари, се очекуваат конкурси и за вработувања на медицински сестри и техничари.