Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Годинашниот МТФ„Војдан Чернодрински“, дефинитвно си останува дома, ќе си се одржи во Прилеп

Под мотото „Смеј се и осмели се“, од 6 до 13 јуни,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Смеј се и осмели се“, од 6 до 13 јуни, по 59-ти пат, Прилеп си останува домаќин на годинашниот МТФ „Војдан Чернодрински“ на кој ќе бидат прикажани 9 претстави во официјалната програма и 5 во придружната. 14-те театарски изведби, во најголем дел, ќе се прикажуваат на сцената од ЦК „Марко Цепенков“ на чие оспособување веќе интензивно се работи откако пред речиси два месеци беше затворена по налог на ДЗС поради низата детектирани безбедносни пропусти. А додека помалиот дел на претстави, ќе бидат поставувани на алтернативни сцени кои начелно се договорени, но јавно ќе бидат објавени наредната недела.

 „За ова издание на Фестивалот од одгледаните претстави, и во институционалните, и од независната продукција, се воспостави или наметна впечатокот дека доминираат претстави во кои може да се препознае ставот на режисерот и потребата да се создава автентична театарска продукција. На репертоарите во македонските театри повторно може да се забележи разногласие во однос на изборот и стилот на претставите. За пофалба е поставувањето на неколку драми од македонски автори со што конечно може да се види и дел од идеата за етаблирање на домашната драма“ – изјави д-р Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Инаку, во оф-програмата ќе бидат прикажани претставите: „12“ на МНТ, „Парови“ на Драмскиот театар, „Ричард Трети“ на Албанскиот театар, „Слепци“ од Турскиот театар, „Црно семе“ – НТ Битола, „Бура“ – од прилепскиот театар, „Рацин“ – НТ од Велес, „Сите прекрасни нешта“ – НТ од Штип и „Пар-распар“ во изведба на Театар Комедија од Скопје. Претставите, исто како и лани, ќе ги оценува странско тричлено жири од Србија, Бугарија и Црна Гора. А годинашни добитници на наградите за животно дело се актерите: Соња Михајлова, Снежана Конеска – Руси и Гоце Тодорвски. Во годинашниот „Фокус“ на Фестивалот е Прилеп, во чии рамки ќе биде поставен т.н. „Музеј во движење“, а посветен на тројцата починати врвни прилепски теататарџии – актерите Кирил Ристоски и Благоја Спиркоски-Џумерко, како и драмскиот автор Благоја Ристески – Платнар.

Реклама