Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Институтот „Крсте Мисирков“ со проекти и државна поддршка за идниот развој

Македонскиот јазик добива нова институционална поддршка – од задолжителни обуки за лектори,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот јазик добива нова институционална поддршка – од задолжителни обуки за лектори, преку поддршка за медиумите, до стипендии за студентите. Со новите мерки и активноста на новоформираниот Инспекторат за употреба на македонскиот јазик, државата јасно ја покажува својата намера за негова заштита, унапредување и промоција. Со стапувањето во сила на овие мерки, се очекува пораст на интересот за студирање македонски јазик, а кога станува збор за јазичната култура кај пошироката јавност, раководителката на Катедрата за македонски јазик, Пановска-Димкова, истакнува дека е потребно свесно влијание врз јавноста, вклучително и преку медиумите.

„Тоа не мора да бидат специјализирани емисии за граматика, тоа се знае – се земаат, да речеме, популарни личности, тие се обучуваат да зборуваат правилно и на тој начин посредно влијаат врз народот, ја подигаат свеста кај луѓето. Се разбира дека очекуваме поголем број студенти сега, откако законот стапи во сила. Вработувањата се главниот мотив за идните студенти, а и стипендиите би требало да ги поттикнат да се запишат во поголем број. Во моментов, колку студенти има на прва година? Дваесетина“, вели Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик.

Во споредба со други држави, таа ја истакнува Словенија како позитивен пример – земја каде што свеста за јазикот е на повисоко ниво, благодарение на јасна и доследна стратегија за заштита од англицизми. Од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ најавуваат значајни проекти. Директорката Елена Јованова-Грујовска посочува дека македонскиот јазик сè уште нема свој етимолошки речник, ниту лингвистички корпус – нешто што одамна претставува стандард кај останатите словенски јазици.

Реклама

„Ние сме подготвени да влеземе во проект наречен корпус на македонскиот јазик. Институтот располага со доволно едуциран, квалитетен научен кадар, а од друга страна – со електронско богатство, збир од девет картотеки што ги опфаќаат сите рамништа на јазикот“, рече Елена Јованова-Грујовска.

Во наредниот период, таа подвлече дека е неопходна државна поддршка, особено преку Министерствата за образование и наука и култура, за заеднички да се обезбеди долгорочна заштита и развој на македонскиот јазик, не само како службен, туку и како културна вредност што заслужува постојана грижа и унапредување.