Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Реконструкција на тротоари во Неготино, проект одобрен по јавниот повик од Владата

Со цел да се подобри постоечката инфраструктура во централното градско подрачје, веќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел да се подобри постоечката инфраструктура во централното градско подрачје, веќе извесен период на терен се одвиваат градежни активности за реконструкција на тротоарите на улиците Маршал Тито и Партизанска. Проектот е аплициран и одобрен на јавниот повик на Владата, информираше денеска градоначалничката Марија Нацева на нејзината Фејсбук-страница.

– Станува збор за тротоари за кои стручните служби утврдија дека се во незавидна состојба и делумно нефункционални, па токму затоа се пристапи кон нивна реконструкција и обнова – се појаснува во објавата.

Се додава дека во моментов се одвива реконструкција на тротоарот на улица Маршал Тито на потегот од „Либерта“ до градскиот плоштад, како и на улица Партизанска на потегот од градскиот плоштад до спојот со улицата 4-ти јули со вкупна должина од 653 метри на обата тротоари.

Реклама

– Целта на проектот е подобрување на постоечката инфраструктура на двете улици и преку изведување градежни зафати да се подобри квалитетното функционирање и да се создадат услови за непречено и олеснето движење на пешаците и лицата со посебни потреби, а истовремено да се подобри урбаниот лик на овој дел од Неготино – пишува во објавата на градоначалничката.