Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Македонска Каменица субвенционира енергетско ефикасни фасади и реконструкција на кровови

Општина Македонска Каменица објави jавен повик за субвенционирање на изработка на проектна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Македонска Каменица објави jавен повик за субвенционирање на изработка на проектна документација, поставување енергетско-ефикасни фасади и реконструкција на кровови на станбени згради за колективно домување.

Повикот се реализира во рамки на проектот „Енергетско Ефикасни Домови“, чија цел е подобрување на енергетската ефикасност и условите за домување во станбените објекти.

Согласно повикот, Општина Македонска Каменица ќе обезбеди финансиска поддршка во висина од 40 отсто од вкупната вредност на инвестицијата, но не повеќе од милион денари за секоја одобрена апликација. Останатите средства, во висина од најмалку 60 отсто, ги обезбедуваат сопствениците на посебните делови во станбената зграда.

Реклама

Право на учество имаат заедниците на сопственици и сопствениците на посебни делови во станбени згради управувани од управител, на подрачјето на Општина Македонска Каменица.

Еден од основните услови е зградата да биде постара од 25 години, а најмалку 70 отсто од станарите да имаат потпишано изјава за учество во проектот. Потребно е да биде донесена и одлука за реконструкција и воведување мерки за енергетска ефикасност, како и да биде обезбедено сопственото учество од најмалку 60 отсто од инвестицијата.

Од повикот се исклучени станбените згради за колективно домување кои имаат помалку од два ката со приземје.

Рокот за поднесување на апликациите е до крајот на месец август, а апликациите со потребната документација се доставуваат во Архивата на Општина Македонска Каменица, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, или по пошта на адреса: улица „Каменичка“ број 2, Македонска Каменица.

Од Општината ги повикуваат сите заедници на сопственици кои ги исполнуваат условите да ја искористат можноста за финансиска поддршка и да придонесат кон подобрување на енергетската ефикасност, изгледот и условите за домување во станбените објекти.