Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Клековски: Досега 35 потврдени случаи на западно-нилска треска, три суспектни и три смртни случаи, 15 лица се излекувани

Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западнонилска треска,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западнонилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективната клиника. Од потврдените случаи, повеќето се згрижени на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа – информира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

Министерот додаде дека досега има три смртни случаи на овој вирус, а 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни а болести.

Тој истакна дека во моментот најактивно подрачје во Европа со западнонилска треска е Атина и посочи дека во Грција досега има 81 случај со невроинвазивна форма и девет починати, а веќе има случаи и во пограничните зони со Македонија.

Реклама

– Здравствените капацитети дијагностички се подигнати максимално, ако минатите години се правеле по 40 анализи годишно, ние сме веќе на ритам од 4 до 8 анализи дневно, а да потсетам дека двапати треба два независни теста за конечна потврда на дијагнозата – рече Клековски.

Додаде дека веќе се информирани сите доктори кои може да дојдат во контакт со евентуално заболени пациенти.

– Веќе се информирани сите инфективни одделенија, матичните лекари, семејните лекари, Клиниката за неврологија, а и невролозите генерално, така што подготвеноста за препознавање и дијагностицирање е тука и за дијагностицирање е тука – посочи Клековски.

Тој истакна и дека во однос на мапирањето на заболените, треба да се прави разлика меѓу местото на живеење на лицата и местото каде што се заболеле од вирусот.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: