Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Едноминутен молк пред дискотеката „Пулс“ во Кочани од над 300 спортисти

Со едноминутен молк пред дискотеката Пулс, како симбол на задоцнетата институционална реакција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со едноминутен молк пред дискотеката Пулс, како симбол на задоцнетата институционална реакција точно во 12.05, родители, спортисти и граѓани  им одадоа почит на 62 млади луѓе  кои  на 16 март ги изгубија своите животи во пожарот.

Кочани се обедини во чест на загинатите. Велосипедската тура во која учествуваа над 300 велосипедисти  ја иницираа родителите и кочанската локална самоуправа.

„Дали треба да ни се случат трагедија за да си подадеме рака и да се сплотиме?да си бидеме поддршка и да сме сите задно. Заедно сме и даваме поддршка на сите повредени, посакувајќи им побрзо оздравување. Овде сме и не се откажуваме, ќе се бориме, не се предаваме. Заслужуваме одговори и инсистираме за нив„ изјави Жаклина Пауновсска Ангеловиќ

Реклама

„Вклучени се над 300спортисти. Освен велосипедисти, ќе има и спортисти кои ќе трчат. Мора да бидеме внимателни, бидејќи во дефилето се вклучени  многу мали деца. Безбедноста ни е на прво место„ изјави родител.

И по нецели два месеци од трагедијата, градот се уште е завиен во тишина и  болка, а кочанчани тагуваат  по своите сограѓани. Велат, ќе бидат потребни децении за животот повторно се врати во нормала

Истрагата за дискотеката Пулс, како што претходно информираше јавниот обвинител Коцевски, треба да заврши на 17 јуни. На случајот работат 13 обвинители, а моментално истрагата се води за кривичното дело-тешки дела против општата сигурност.