Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Ромската популација во Прилеп продолжува да добива поквалитетни услови за севкупен живот

Најчесто живеат во субстандарни услови, а некои од нив дури и под…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најчесто живеат во субстандарни услови, а некои од нив дури и под секое човечко достоинство. Без струја, без вода и во куќи кои повеќе налкуваат на колиби, отколку на домови. Голем дел од нив немаат и никакви примања. Најмногу заради неукоста и неупатеноста како да си ги остварат своите права, било тие да се материјални, социјални или здравствени. Ромите во Прилеп, чиј број е над 5.000 луѓе, во овој 21 век, веднаш и сега, заслужуваат подобар и поквалитетен живот кој постојано треба да се надоградува, алармираат од Ромскиот ресурсен центар од Скопје.

Работиме долго време на подобрување на условите за живеење кое подразбира донесување на ДУП за целата ромска населба, легализирање на населбата за која веќе ДУП-от е поминат и на Совет…Работиме и на подобрување на вработливоста и поддршка, со Програми за вработување, на млади и жени-Ромки, дополнително, работиме и на подобрување на образовниот статус на децата-Роми со обезбедување на дополнителна туторска поддршка во основното образование за повеќе од 200 деца – Роми“, – изјави Себихан Демировски, ген. менаџер на Ромскиот ресурсен центар од Скопје.

И од општина Прилеп потврдуваат дека подобрувањето на квалитетот на животот на Ромите е еден од нивните главни таргети на кој континуирано се работи во изминатов период, со што, според градоначалникот на Прилеп, состојбата полека се подобрува.

Реклама

Тука, околу 700 куќи се легализирани, потоа воспоставување на водоводна мрежа и комунална инфраструктура, донесување на Урбанистички планови, воведување во работен однос како на млади, така и на жени-Ромки, со што го подобруваме и социјалниот карактер на животот во нашата општина“, – посочува Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Инаку, според последните истражувања на Ромскиот ресурсен центар, голем проблем за прилепските Роми е и отежнатиот пристап до јавните здравствени услуги. Најголем дел од нив ниту имаат здравствено осигурување, ниту пак, имаат пари да си платат приватно. Па, следен чекор на кој веќе интензивно работи оваа НВО, а по проект на ЕУ, е изнаоѓање начини да им се помогне на овие луѓе да дојдат до насушно потребното здравствено осигурување и лекување, уверуваат од РРЦ Скопје. А еден од тие чекори беше и неодманешната донација на амбулантно возило – Мобилна клиника, наменето најмногу за потребите на оваа заедница.