Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВЛЕН: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

Денес, со гордост и висока одговорност кон граѓаните, го најавуваме официјалниот почеток…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, со гордост и висока одговорност кон граѓаните, го најавуваме официјалниот почеток на работите за изградба на новиот автопат Тетово-Гостивар, капитален и стратешки проект за регионот и целата земја. Овој автопат, долг приближно 25 километри, претставува инвестиција од над 90 милиони евра и ќе биде важен столб за инфраструктурата на земјата, се вели во соопштението на ВЛЕН.

Граѓаните ќе имаат корист од побрзо, побезбедно и поефикасно патување помеѓу Тетово и Гостивар, додека бизнисите ќе имаат полесен пристап до извршување на своите активности. Како ВЛЕН, веќе презедовме мерки во оваа насока бидејќи спроведуваме инфраструктурни проекти со долгорочен ефект. Автопатот Тетово-Гостивар е само еден од стратешките проекти што ги спроведува Владата ВЛЕН. Паралелно со тоа, ние сме посветени на спроведување и поддршка на големи проекти, како што е Коридорот 8. Коридор кој вклучува изградба и рехабилитација на автопати, железници и гранични премини, и претставува стратешка артерија за економски и комерцијален развој на регионот. Ние како ВЛЕН силно го поддржуваме забрзувањето на работите и транспарентното спроведување на овој витален проект. ВАЕН стои покрај граѓаните, со конкретна работа и јасна визија. Како сериозен и посветен политички субјект, ние остануваме гласот на граѓаните во власта. Не ветуваме празни зборови, туку дејствуваме во насока на реализација на нашите обврски, истакнуваат од ВЛЕН.

Инфраструктурните проекти што ги спроведуваме се доказ дека развојот е можен кога во владата има луѓе кои работат со чесност и посветеност. Преминуваме во дела. ВЛЕН за граѓаните, порачуваат од ВЛЕН.