Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Ќе се редефинира државно водостопанство

Државното Водостопанско претпријатие кое со години тонеше во долгови и беше речиси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државното Водостопанско претпријатие кое со години тонеше во долгови и беше речиси колабирано, ќе се реконструира и ќе претрпи редефинирање на надлежностите на подружниците кои што сега ги имаат со централата. Целта е преку нов оперативен план на кој веќе се работи, да се постигне поголема функционалност и на подружниците, но и на водоснабдителниот систем во државава, најавуваат од Министерството за земјоделство.

   „Изминативе девет месеци сериозно работиме на покривање на тие долгови, знаете дека Владата даде финансиска поддршка да се поделат тие три-четири заостанати плати. Денес имаме редовно сервисирање на платите, но она што значи долгорочно решавање на проблемот, е ставање на еден функционален систем во делот на водостопанството…Веќе се работи на еден нов оперативен план…Водостопанството е приоритет и без навремена и доволна количина на вода не можеме да размислуваме за квантитет и квалитет во земјоделското производство“, – изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

 Напоредно со ова, во зимскиот период е исчистена и каналската мрежа, а подготвени се и системите за наводнување кои, согласно законот, од 15 април веќе се ставени и во функција во Тиквешијата и во кочанскиот регион за водата навремено да стигне до земјоделските површини.

Реклама

  „Тоа значи дека имаме функционален систем во делот на исчистена каналска мрежа, а дека треба санација на дел од нив –  можам да кажам дека – треба, но тоа ќе се работи тековно, бидејќи не можеме се’ преку ноќ да сработиме…Опасност од излевање на речните корита мислам дека нема во овој период. Будно ја следиме состојбата и секаде онаму каде што ќе се појави евентуално некаов проблем, ќе делуваме благовремено“, – посочи Трипуновски.

  Инаку, лоштото работење на Водостопанското претпријатие во изминатите неколку години резултираше и со чести протести на вработените во подружниците ширум земјава кои освен што си ги бараа своите заостанати плати, тие тврдеа дека имале одлична наплата на своите услуги, од дури 98 проценти и бараа итно реструктуирање на АД „Водостопанство“, кое пак од 2015 година е под државна капа, и дека 14-те подружници треба да работат самостојно. А додека земјоделците пак, често реагираа за неисчистените канали кои и при малку посилен дожд им ги поплавуваа посевите, предизвикувајќи им огромни штети.