Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Развојот на ТИР-зоните во земјава, останува во фокусот на оваа Влада

Залагањето на оваа Влада да донесе што повеќе инвестиции во ТИР-зоните во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Залагањето на оваа Влада да донесе што повеќе инвестиции во ТИР-зоните во земјава, со единствена цел раздвижување и развој на домашната економија, останува како еден од главните приоритети. Во таа насока се и активностите за подобрување на условите кои што постојано се надоградуваат во Технолошко-индустриските развојни зони, вклучувајќи го државното субвенционирање на идните бизниси, како и инфраструктурното уредување на зоните, уверува директорот на ТИРЗ Македонија, Гоце Димовски. 

„Она што го наследив како нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ, има наследени проблеми од минатото. Ние како ново раководство секојдневно работиме да ги решаваме тие наследени проблеми од аспект на инфраструктура. А во однос на новите инвестиции, согласно потребите, секогаш ќе бидеме тука да инвестираме во инфраструктура со цел да им ги подобриме условите за работење на сите компании што оперативно ќе работат во зоните“, – изјави Гоце Димовски, директор на ТИРЗ Македонија.

  Според заменикот-министерот за економија пак, Марјан Ристески, развојот на ТИРЗ-овите може да помогне и во намалувањето на се’ позагрижувачката миграција, на невработеноста во земјава, но и на растот на платите.

Реклама

„Ние преку законски мерки кои што ги подготвуваме ќе имаме зголемување на платите, моментално има нивелирање на минималната плата, меѓутоа се надевам дека со растењето на капацитетите и отворање на нови работни места, исто така континуирано ќе се зголемува и платата, поддржана со економските параметри, односно ќе биде попривлечна за младите луѓе да останат тука во државата“, – рече Марјан Ристески, зам.министер за економија.

  При денешната работна посета на ТИРЗ-Прилеп, беше истакнато и дека бенефитите од работата на оваа зона, каде веќе 10 години успешно работат три странски компании со преку 3000 вработени, ги чувствува и општина Прилеп.

„Посебно со доизградбата на патната инфраструктура- Коридор 10Д, ќе стане уште поинтересна за пласирање на извозната линија на пристаништата од соседните држави и со тоа очекуваме уште поголем интерес како на странски, така и на домашни инвеститори“, – кажа Борче Јопвчески, градоначалник на Прилеп.

  Инаку, според директорот Димовски, во моментов се преговарало со повеќе потенцијални странски инвеститори за нови инвестиции во повеќе зони во земјава.