Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

СДСМ тврди: системот се распаѓа, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: ако некој е во целосен распад тогаш тоа е СДСМ

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, е најлошата и најнефункционална Влада до…

Сподели:

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, е најлошата и најнефункционална Влада до сега во Македонија. Ова е констатација на СДСМ, која ја поткрепуваат со тврдење, дека системот наводно се распаѓал а власта се бави само со внатрекоалициски несогласувања велат од СДСМ.

На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија велат дека ако некој во Македонија бил во целосен распад тоа биле СДСМ на чело со Филипче кој му слугувал на Заев.

„СДСм има проблем сам со себе, затоа што се доведени до партија со членство од 22 илјади. Сите во СДСМ се деца на Заев и се негова продолжена рака партијата, на чело со Филипче кој верно му го чува претседателското столче. Така што, друг пат кога Богданка Кузеска зборува за систем кој се распаѓа, нека си погледне во сопствените редови“ се наведува, меѓу другото, во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.