Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

АЕК иницира јавна расправа за тендер за воведување трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) започна постапка за јавна расправа која треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) започна постапка за јавна расправа која треба да го подготви теренот за спроведување тендер со јавно наддавање за доделување на ново одобрение за мобилен оператор во Македонија. Целта е да се овозможи простор за нов играч на пазарот на мобилна телефонија, по иницијатива на компанијата „Оне Македонија Телекомуникации“, основана од унгарската групација „4иГ“, која веќе најави интерес за влез на домашниот пазар.

Како што стои во објавата од АЕК, намерата е да се отвори можност за доделување ограничен број одобренија за користење радиофреквенции, при што ќе се овозможи јавна расправа за условите и критериумите. Барањето од „Оне Македонија Телекомуникации“ е официјално заведено на 16 април 2025 година. Сите заинтересирани страни имаат рок до 16 мај да достават писмо за искажување интерес, по што ќе се донесат конечни одлуки врз основа на анализата од јавната расправа.

Во рамки на тендерската процедура, АЕК предвидува доделување три одобренија: едно за опсегот од 700 MHz, второ за 1800 MHz и трето за опсегот од 3.x GHz. Одобренијата ќе бидат достапни исклучиво за нови мрежни оператори, а барањата од постојните компании како А1 Македонија и Македонски Телеком нема да бидат земени предвид.

Реклама

Најнискиот предлог-надомест за секое одобрение изнесува: 4.200.000 евра за фреквенцискиот опсег 700 MHz (одобрение А1), 1.500.000 евра за 1800 MHz (одобрение Б1) и 2.320.000 евра за опсегот 3400–3800 MHz (одобрение Ц1). Одобренијата А1 и Ц1 ќе важат 12 години, до 2037 година, додека одобрението Б1 ќе биде со важност до 2033 година, односно 8 години – заради усогласување со важечките лиценци на останатите оператори.

Операторот што ќе добие лиценца ќе има обврска до крајот на 2026 година барем еден град да биде покриен со 5G сигнал. До крајот на 2028, главните транспортни коридори треба да имаат целосна 5G покриеност, а до 2030 година истото се очекува за сите градови во земјава. До крајот на 2032 година, секој граѓанин треба да има пристап до интернет со минимална брзина од 100 Mbps преку 5G.

Дополнително, операторот ќе треба да се придржува до „Правилникот за параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги“ и да започне со користење на фреквенциите најдоцна во рок од една година од добивањето на дозволата. Во подрачја со слаба покриеност, доколку се планира изградба на нови базни станици, операторот ќе биде должен да ги консултира другите компании за можност за заедничка инвестиција. Исто така, ќе треба да обезбеди пристап до пасивна инфраструктура за други оператори доколку тоа се побара на разумна основа.

АЕК јасно посочува дека постапката е отворена само за нови играчи на пазарот, односно компании кои во моментот немаат сопствена радиокомуникациска мрежа ниту пак одобрение за користење на радиофреквенции на територијата на Македонија. Сите писма за интерес треба да се достават во архивата на АЕК, на адреса Кеј Димитар Влахов бр. 21 во Скопје.

Групацијата „4иГ“, преку подружницата „Оне Македонија Телекомуникации“, уште во декември минатата година формално достави писмо со кое најави намера за влез на македонскиот пазар. Во него се истакнува дека постои реална шанса за развој благодарение на достапноста на фреквенцискиот опсег и поддршката од регулаторната околина. Веќе во октомври 2024 година, групацијата објави дека по успешните аквизиции во Албанија и Црна Гора, започнува подготовка за влез во Македонија, основајќи ја фирмата „Оне Македонија Телекомуникации“. Со македонската Влада е потпишан и меморандум за соработка.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски, тогаш оцени дека интересот на унгарската компанија ќе донесе нова конкуренција и ќе стави крај на дуополот на А1 Македонија и Македонски Телеком. Според него, тоа ќе значи подобри и поевтини услуги за граѓаните.

Според најновиот извештај на АЕК за третиот квартал од 2024 година, бројот на активни мобилни претплатници достигнал 2.095.819, што претставува пораст од 9,7% во однос на претходниот квартал и 1,05% повеќе споредено со истиот период лани. Податоците покажуваат дека А1 Македонија има пазарен удел од 47,71%, Македонски Телеком – 46,66%, Лајкамобајл – 3,12%, Телекабел – 1,20%, М-Тел – 1,21%, а Греен Мобиле – 0,10%.

Најновиот играч на пазарот беше виртуелниот мобилен оператор М–Тел, кој стартуваше на 1 февруари 2022 година.

АЕК во својата анализа на пазарот објавена на почетокот на минатата година заклучи дека постои недостиг од здрава конкуренција, а новиот тендер се гледа како чекор за отстранување на структурните и правните бариери што ја ограничуваат конкуренцијата.