Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

АХВ: Спроведени 617 контроли, уништени 1.740 килограми небезбедна храна

Речиси 30 фирми кои работат со храна биле затекнати со прекршувања на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 30 фирми кои работат со храна биле затекнати со прекршувања на законските прописи при 617 вонредни инспекции што ги спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство низ целата земја. Небезбедна храна, нехигиенски услови и нерегистрирани објекти се само дел од сликата што ја откри надзорот пред велигденските празници. Кај 16 оператори биле утврдени нехигиенски и структурни недостатоци, а осум продавале храна со погрешни декларации.

Инспекторите изрекоа 30 парични казни во износ од 25.400 евра и издале 44 решенија за отстранување на недоследностите. Уништени се 1.740 килограми небезбедна храна“, информираат од Агенцијата за Храна и Ветеринарство.

Во најголем дел, констатираните прекршувања се однесуваат на основни правила кои треба да обезбедат безбедна храна и сигурни услови за нејзино складирање и продажба. Без санитарни книшки, без прегледи, храна сервирале лица надвор од секој здравствен протокол, во четири објекти во Македонија.

Реклама

Контролите резултираа со издавање на конкретни решенија за отстранување на утврдените недостатоци и сериозни казни, главно поради пуштање во промет на небезбедна храна и работа надвор од регулативата. Одредени количини храна биле веднаш повлечени и уништени.

„Пет субјекти воопшто не биле регистрирани, а во четири објекти персоналот немал валидни санитарни книшки“ информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од АХВ апелираат до сите оператори со храна да постапуваат одговорно и по пропис, не само за да избегнат санкции, туку и за да се заштити јавното здрајве и довербата на пазарот. Надзорот ќе продолжи и по празниците.